Slide background

Најбрзо до вашата интернет продавница

Како функционира?

Понудените интернет продавници се сотавени од две компоненти, Front-End и Back-End. Front-End пртставува веб сајтот на кој пристапуваат сите посетители (купувачи) и тоа всушност претставува дизајнот и функционалностите кои им се достапни на купувачите при посетата на интернет продавницата. Back-End е делот на кој можат да пристапат само овластени лица и служи за администрација, сетирање, управување, добивање извештаи, контрола на целокупната продавница и податоците – модулите кои се прикажуваат на Front-End.

Front end

  • Избор на дизајн

    Избор на понуден бесплатен дизајн или доплата за дополнителен дизајн по ваша желба.

  • Функционална навигација и банери

    Потполно функционална и разбирлива навигација со менија и прикажување на производи со банери – голем банер (image slider) на почетна страна и дополнителни помали банери на почетна или на внатрешните страни на продавницата.

  • Валути и плаќање

    Поставување на цените во различни валути и можност за плаќање со истите во зависност од земјата во која е предвидено плаќањето  (евра, долари, фунти, денари…).
    Постојат повеќе модули за плаќање кои што можат да се интегрираат во веб продавницата (плаќање со кредитна/дебитна картичка преку НЛБ Тутунска Банка, плаќање преку издавање на фактура, плаќање преку PayPal, плаќање преку Mooneybookers (Scrill), плаќање при испорака и др.).

  • Мултијазична подршка

    Во зависност од изборот на пакетот можете да ги изберете јазикот/јазиците на кои ќе се сетира продавницата (еден, два или три јазика) или пак постои можност за доплата за додавање на јазик.

  • Додатни модули

    Модул за прикажување на најнови производи , модул за прикажување на производи на попуст, модул за прикажување на најпродавани производи, пребарување на производите и услугите,  Листање по растечки или опаѓачки цени.

  • Купување

    AJAX базирана шопинг кошничка со комплетни информации за избраната нарачка. Можност за регистрација на купувачите или пак купување без регистрација. Креирање на листа од желби производи, нивна слика и цена, и линк за комплетирање на нарачката.

  • Регистрација на купувачи

    Регистрирање на купувачите и самостојно менаџирање на акаунтите (сметките) – купувачите можат да ја следат состојбата на нивните нарачки, да добиваат известувања за промените, да ги менуваат нивните персонални податоци, да ги спуштаат (download) купените дигитални производи, историја на нарачки, листа за вратени производи, да се зачленуваат или одчленуваат од електронскиот весник итн…

  • Социјални мрежи

    Модул за поврзување на продавницата со социјалните мрежи (facebook, twitter, dig, google+…).

  • SEO оптимизација и SEO линкови

    SEO оптимизација и SEO линкови претставува оптимизирање продавницата и линковите за лесно регистрирање на вашата страна од Google, Yahoo, Bing и други интернет пребарувачи.

  • Дополнителни содржини

    Поставување на дополнителни содржини како на пример политика за приватност, информации за испорака, услови за користење, информации за компанијата, совети, текст и др.

Back end

  • Кориснички панел

    Веб базирана платформа преку која може да се надополнува, оддржува и ажурира независно од локацијата на која се наоѓате без некое посебно потребно техничко знаење и искуство.

  • Менаџирање со производи

    Внесување на број на производи/услуги дефинирани со пакетите, внесување на категории, производители, додавање, отстранување и ажурирање на производи и услуги, слики, промена на цените, доделување попусти, промоции и сл. Доделување на различни параметри за производите (цена, висина, ширина, тежина, минимална нарачка…).

  • Администрација

    Целокупна административна контрола на модулите достапни на Front-End, нивно различно позиционирање на насловна страна или на внатрешните страни.  Целокупна административна контрола на текстовите, дополнителните содржини, контакт и други информации.

  • Преглед на купувачи

    Групирање на купувачите во различни групи. Со ова се овозможува формулирање различни цени по производи за различни купувачи – пример: цени за лојални купувачи, цени за препродавачи, цени на големо, цени на мало итн.

  • Попусти и промоции

    Содржи модули за креирање на попусти, поклони, ваучери, наградни поени и продажба со купони за промоција и попуст и креирање на различни попусти на производите.

  • Галерии и банери

    Сетирање на различни галерии и поставување на разни типови на банери (image sliders) на почетна страна и дополнителни помали банери на почетна или на внатрешните страни на продавницата.

  • Даноци

    Модули за оданочување (ДДВ) која се сетира во зависност од земјата на купувачите, ЕУ модел или користење фиксен ДДВ модел од 18% и 5% за е-продавници во Македонија.

  • Статистики

    Различни статистики (продадени производи/услуги, статус на нарачка на чекање, испорачани, комплетирани, продажба по ден/недела/месец/година, број на зачленети купувачи, кои производи се најпосетени и најинтересни за купувачите….), статистика на продадени производи и сл.

  • Продажба

    Апсолутна контрола врз нарачките, преглед на нивниот статус, ставање на нарачка на чекање, процесирана, испратена (промена на статус според делот на процесот на нарачка и нотификација преку e-mail за статусот на купувачот). Поништување на нарачки и др. E-mail известувања за извршена нарачка до купувачот и продавачот. Печатење на фактурите и другите информации за купувачот. Сетирање на опции за испорака на производите.

  • Бекап

    Алатка за Бекап (архивирање) на податоците и повторно нивно враќање како дополнителна сигурност.

  • Партнерски програми

    Креирање на партнерски програми за надворешна продажба и промоција на производите/услугите со исплата на одредена провизија по остварена продажба.

Додатни информации

* Добивате дедицираната IP адреса и SSL сертификат кои се во ваша сопственост и првата година е бесплатен, а секоја наредна година се наплаќа.

**Добивате хостинг според спецификацијата и за првата година е бесплатен, а секоја наредна година се наплаќа.

*** Интернет продавниците се достапни со договор склучен на период од 12 или 24 месеци, можност за плаќање на месечни рата (за пакетите Easy 24 Shop и Standard 12 Shop), и плаќање веднаш на целиот износ за пакетот Ultimate Shop.

**** За демонстрација на интернет продавницата посетете го линкот за демонстрација.